26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Баскерфест 2017“ вечерва во Крива Паланка

„Баскерфест 2017“ вечерва во Крива Паланка

Вечерва, во Крива Паланка, на плоштадот „Карпошово востание“, во 19 часот почнува „Баскерфест 2017“.

Публиката ќе може да ужива во неколкучасовната програма на 30 акробати и артисти од разни земји од светот. „Традиционално гостуваат уметниците од најголемиот и најпопуларен уличен фестивал во светот ‘Баскерфест’. Жонглери, акробати, магионичари и други уметници од светот ќе ги покажат своите вештини пред паланчани“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

„Баскерфест“ гостува во Крива Паланка четврта година по ред. Фестивалот од отворен тип почна на 16 јуни, со настапи на интернационалните уметници во главниот град Скопје, кои својата десетдневна програма ја претставија во повеќе градови ширум Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП