26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на Volkswagen во Словачка штрајкуваат за поголеми плати

Работниците на Volkswagen во Словачка штрајкуваат за поголеми плати

Илјадници работници во фабриката „Volkswagen“ во Словачка штрајкуваа, барајќи поголеми плати.

Работниците се незадоволни со надоместот и бараат зголемување на платите од 16 отсто. Со тапани и извици, работници дојдоа до портата на фабриката, која за првпат се соочува со ваква ситуација откако е отворена во земјата во 1992 година.

– Не сме тука само за платите, туку и за достоинството на компанија која прави профит, но не го дели со работниците – рече еден од штрајкувачите.

Синдикалните водачи велат дека во штрајкот учествуваат 8.600 од 12.300 вработени.Тие се подготвени да штрајкуваат се додека е потребно. Раководството на фабриката понуди зголемување на платите,но не и во согласност со нивните барања. Раководството на германската компанија веќе долго време е во неволја по скандалот во САД. Зголемувањето што го бараат работниците го смета за неприфатливо, бидејќи ќе ја загрози конкурентноста и стабилноста на работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП