8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпоред Милевски ремито е најреален резултат

Според Милевски ремито е најреален резултат

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, по нерешениот резултат со Србија (2:2), во второто коло на ЕП во Полска, рекол ремито е реален исход по се она што се случувало во текот на натпреварот.

„Сметам дека по едно полувреме и припадна на секоја репрезентација. Како се одвиваа работите на теренот можеме да жалиме, но според се, нерешениот резултат е најреален. Честитки за моите фудбалери кои се вратија од негатива од еден гол по слабото првото полувреме. Тешко е и физички и психолошки да играме во висок ритам во текот на сите 90. минути кога се работи за ваков турнирски систем против најсилните репрезентации, сепак најголем дел од нашите фудбалери играат во домашното првенство, а знаеме каков е ритамот на тие натпревари“, рекол македонскиот селектор.

По два натпревари Македонија има еден бод. Прва во групата е Шпанија со шест бода и изборен пласман во полуфиналето, втора е Португалија со три, а Србија, како и Макеоднија има еден бод.

Во последното коло во Б групата, на 23.јуни, ќе играат Македонија-Португалија и Шпанија-Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП