26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрви полуфиналисти на ЕП се младите Шпанци

Први полуфиналисти на ЕП се младите Шпанци

Младите шпански фудбалери први изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во Полска.

Шпанија во рамките на второто коло во Б групата ја совлада Португалија со 3:1 (1:0) и со шест бода го обезбеди првото место во групата. Португалија остана на три бода, додека Македонија и Србија имаат по еден бод, откако ремизираа во меѓусебниот дуел 2:2.

Натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија се одигра во Гдиња, а „црвената фурија“ победи со головите на Саул Нигез (21’), Сандро (66’) и Ињаки Вилијамс (93’). Единствениот гол за Португалија го постигна Брума во 77.минута. Португалскиот напаѓач постигна вистински евро гол, најубав во досегашниот тек од првенството.

Во последното коло во Б групата, на 23.јуни, ќе играат Македонија-Португалија и Шпанија-Србија.

Денеска на ЕП ќе се играат дуелите од второто коло во Ц групата: Чешка-Италија и Германија-Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП