26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏек Ма: Алибаба ќе биде петта сила во светската економија

Џек Ма: Алибаба ќе биде петта сила во светската економија

Кинескиот гигант Алибаба до 2036 година ќе биде петта сила во светската економија, изјави нејзиниот основач Џек Ма. Алибаба сега е економски посилна од Шведска, Полска, Иран, Норвешка и Австрија. Во моментов таа е на листата на 22-те најголеми економии во светот, веднаш зад Аргентина.

„Ако една компанија може да им служи на две милијарди корисници, тоа е една третина од вкупното население. Ако може да создаде 100 милиони работни места, тоа е веројатно повеќе отколку што повеќето влади можат да постигнат. Ако може да го поддржи десет милиони бизниси, тоа се вика економија “, изјави Ма.

Алибаба сака да направи илјада милијарди долари профит до 2020 година и да стане 16. економија во светот, поголема од Турција или Саудиска Арабија.

Ма верува дека до 2036 година компанијата ќе биде меѓу првите пет економии, зад Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Европската Унија (ЕУ) и Јапонија.

„До тогаш треба да се отворат 100 милиони работни места”, изјави Ма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП