26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтресот на работа влијае и врз вашето семејство

Стресот на работа влијае и врз вашето семејство

Доколку на работа сте под голем стрес, а вашиот шеф нема разбирање за вас, негативното расположение може да се пренесе и да влијае врз вашата домашна атмосфера, партнерот и децата.

Кога стресот од работа ќе се пренесе и во вашиот приватен живот, вашето семејство може да ги почувствува последиците, велат експертите. Една американска конференција за работата, стресот и здравјето се фокусирала на работните места кои биле добри за семејството и влијанието на претпоставените врз здравјето на вработените.

„Резултатите од истражувањето се променливи, голем број од испитаниците изјавиле дека работата претставува најголем извор на стрес во нивниот живот“, кажува Мајкл Форд, професор по психологија на Универзитетот Олбани. „Во исто време сите имаат свој приватен живот надвор од работата“, додава Форд.

Кога е во прашање стресот кој го доживуваме на работа, постојат низа здравствени последици. Доколку нивото на стрес на работното место е високо, може да се јават одредени проблеми со вашето ментално здравје. Поголем е бројот на симптоми за појава на депресија, а и кардиоваскуларното здравје е поврзано со напорот на работа. Присутни се и проблемите со килограмите, односно дебелеењето.

Кога луѓето се под стрес на работа, а нивните надредени не покажуваат разбирање за тоа, честа последица е негативното однесување во однос на изборот на лоша храна, избегнување на вежбање и слаб квалитет на сонот.

Стресот на работа влијае и врз вашата врска

Сресот кој го доживуваме на работа го намалува и квалитетот на бракот. Кога еден од партнерите се наоѓа под стрес, тоа се пренесува и врз останатиот партнер и децата, па така и тие искажуваат низа здравствени тешкотии и проблеми со однесувањето.

Примарен извор за појава на стрес на работа се надредените – шефови и директори, а не големината на работата која ја имате. Недостатокот на поддршка и разбирање од шефот, се пренесува и во приватниот, семејниот живот, односно влијае и на нивното расположение.

Затоа работодавците треба повеќе да ги слушаат своите вработени и да посветуваат внимание за нивните потреби, како би покажале дека и тие се грижат за нив. Ова секако не е некое иновативно откритие, но многу шефови не се однесуваат на тој начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП