26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Shangri-La’s Le Touessrok Resort & Spa (фото)

Луксузниот Shangri-La’s Le Touessrok Resort & Spa (фото)

Shangri-La’s Le Touessrok Resort & Spa во Маурициус е официјално отворен и дефинитивно мора да се најде на вашата листа со желби за места кои сакате да ги посетите…

Ова во целост реновирано одморалиште сега има 200 соби и апартмани, кои се протегаат преку источната обала на овој остров. Она што сега ја акцентира понудата на ова одморалиште е пристапот со Илот Мандение, приватниот остров, новиот спа центар Chi кој се фокусира на холистички и ајурведски велнес, како и петте ресторани и трите бара, два базени, шампионскиот голф терен и клубот за деца.

Што се однесува на сместувањето, ако сакате да го искусите најдоброто што може да се понуди, резервирајте една од трите вили на плажа кои имаат околу 500 квадратни метри површина, а дизајнирани се така што имаат аура на мир и приватност. Со постојана услуга од батлер, овие вили имаат свои приватни влезови, по три спални соби, инфинити базен и приватен пристап на плажа.

Други погодности кои ве очекуваат во ова одморалиште се шампањ по доаѓањето, отворен бар, бадемантил со монограми, приватен електричен автомобил за истражување на околината, како и дневни овошни и канапе оброци. Одморот во вилите исто така има и персонализирана услуга за добредојде на аеродромот, употреба на ложата и превоз со лимузина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП