27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Астана е отворена светската изложба ЕКСПО

Во Астана е отворена светската изложба ЕКСПО

Вкупно 60 делегациите со високи функционери и државници учествуваа на церемонијата на свеченото отворање на светската изложба ЕКСПО во главниот град на Казахстан, Астана.

Темата на Експо 2017 е иднината на енергетиката, како и алтернативните извори на енергија. Изложбата ќе трае три месеци, а ќе заврши на 10 септември. На неа се преставени 115 земји и 22 меѓународни организации.

Главниот павиљон, чија градба чинеше три милијарди евра, потсетува на Дизниевиот Епкот центар. Се состои од голема стаклена топка во средината каде што е изложбата на земјата домаќин, а околу се павилјоните на другите земји.

Последниот ЕКСПО се одржа во Јужна Кореја во 2012 година, а најголемата ваква изложба ќе се случи во Дубаи во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП