26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДва SUV модели од Alfa Romeo

Два SUV модели од Alfa Romeo

Компанијата „Alfa Romeo“ планира уште два „SUV“ модели, кои ќе бидат поставени над и под „Stelvio“, а нивната презентација треба да се случи до 2020-та година.

„Stelvio“ стана првиот „SUV“ во историјата на италијанската марка, а според производствениот план на „Alfa Romeo“, донесен во септември во минатата година, компанијата ќе лансира вкупно шест нови модели до 2020-та.

Во нив влегуваат споменатите „SUV“-модели, голем седан, нов хечбек и еден „специјален“ модел. Се уште нема одредени датуми за претставувањето на двата „SUV“-возила, но најверојатно тие ќе бидат првите од оваа група, кои допрва ќе дебитираат.

Италијанците се уште не ги потврдиле имињата на „SUV“-моделите, но според информации на локалниот печат помалиот ќе се вика „Kamal“ и ќе го замени компактниот хечбек „MiTo“, идејата е да е достапен „SUV“-предлог на брендот. Овој модел ќе се нуди само со 4-цилиндричен мотор, за разлика од „Stelvio“ чија топ верзија е со 2,9-литарски V6 мотор.

Најголемиот „SUV“ пак најверојатно ќе го добие името „Castello“. Тој ќе биде позициониран над „Stelvio“ и ќе го одбележи влегувањето на „Alfa Romeo“ во нов сегмент за брендот. И двата нови „SUV“ модели ќе се изградени на платформата „Giorgio“ која ќе се користи кај сите шест модели од веќе споменатиот производствен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП