7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо прекин сообраќајот по регионалниот пат Тетово – Јажинце, се излеа Поројска...

Во прекин сообраќајот по регионалниот пат Тетово – Јажинце, се излеа Поројска река

Наноси од камења и кал го блокираа селото Порој, по невремето кое попладнето го подгоди тетовскиот регион. Од вчера од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово – Јажинце е во прекин кај селото Порој порди обилните врнежи од дожд и излевање на Поројска река.

Оштетен е еден дрвен мост во селото, поплавена е земјоделска површина, но нема настрадани објекти. Градежна механизација вечерва започна да ги расчистува наносите. Вечерта сите возила се пренасочуваа на други патишта.

Поројска река се излеа и за време на катастрофалните поплави во тетовскиот регион во 2015 година кога загинаа пет лица, имаше и повредени, а оштетени беа околу 200 објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП