26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda Kodiaq освои 5 ѕвезди за високиот степен на безбедност на Euro...

Skoda Kodiaq освои 5 ѕвезди за високиот степен на безбедност на Euro NCAP тестот

SKODA KODIAQ го доби максималниот рејтинг за безбедност. Европската програма за проценка на нови возила Euro NCAP го награди големото SUV возило на чешкиот производител со највисок можен рејтинг од пет ѕвезди, што претставува сертификат дека SKODA KODIAQ нуди оптимална заштита на своите патници. Заштитата на возрасните патници и децата, заштитата на пешаците и безбедносните системи се аспектите кои се тестираат од страна на Euro NCAP. Следејќи ги останатите модели на Skoda, Octavia, Fabia, Rapid, Citigo, Yeti и Superb, KODIAQ е седмиот модел кој ја продолжува низата на возила со максимален безбедносен рејтинг. Рејтингот од 5 ѕвезди го потврдува високиот стандард на безбедносните системи развиени од SKODA.

„ Euro NCAP претставува безбедносен тест со најстроги критериуми. Затоа ние сме горди што постигнавме најдобар резултат,“ изјави Кристијан Штурбе, претставник на одборот на SKODA за технички развој. „SKODA KODIAQ содржи голема листа на иновативни технологии и паметни решенија. Ние ја зголемивме пасивната безбедност, без оглед на тоа што и самата форма е дизајнирана со цел постигнување на безбедност. Како надополнување на ова, ние ги надградивме веќе напредните системи за помош, така што несреќите уште повеќе би се избегнувале.“

Euro NCAP го награди со исклучително висок рејтинг од 92 проценти за заштита на возрасни патници. Во тестот за странична безбедност, SKODA KODIAQ доби највисоки оценки за заштита од повреди на сите критични места на телото. Високиот степен на заштита на ‘рбетниот столб во случај на удар од задната страна на возилото заслужува да се пофали. Euro NCAP особено внимание посвети на истакнување на одличната работа на стандардниот систем за итно сопирање, кој функционира одлично и на помали брзини, што е типично за возење низ град, но исто така ги спречува речиси сите судири при брзини својствени за автопат. Како што ги заштитува патниците, SKODA KODIAQ исто така ги заштитува и пешаците. Euro NCAP додели максимални поени за заштита на пешаците. Добри оценки  исто така беа доделени и за заштита на останатите делови од телото и главата.

Кај безбедносната опрема на SKODA KODIAQ не изостава апсолутно ништо. Огромната цврста каросерија на возилото со неговите 9 воздушни перничиња, нуди одлична заштита во случај на незгода, преку возачкото и совозачкото воздушно перниче, странични пеничиња, воздушните завеси, перничиња за заштита на колената на возачот, како и страничните перничиња во задниот дел. Како дел од стандардната понуда вклучени се појасите со три точки на врзување со појас за затегнување и ISOFIX систем за прицврстување на детски седишта на задните седишта. Функции кои се вклучени се автоматското активирање на светлата при итно запирање и прекин на доводот на гориво во случај на удар. Доколку судирот е неминовен, превентивниот систем за заштита на патниците ги затвора прозорците и сончевиот кров и ги затега предните безбедносни појаси. По несреќата, системот кој спречува повеќе кратен удар го спречува возилото да продолжи да се движи неконтролирано. Како надополнување на ова, SKODA KODIAQ може да биде опремен со голем број на камери, радар и сензорски систем. Адаптивниот темпомат со радар, заедно со системот за итно запирање во град и мониторингот на пешаците, превентивно делуваат штитејќи ги пешаците. Четирите камери од Area-View системот, покажуваат што се случува во блиската област околу возилото. Асистентот при маневрирање и системот за задно предупредување, овозможуваат асистирање кога видливоста е ограничена или постојат скриени опасности.

Со адаптивниот темпомат со радар, системот за движење во коловозна лента, системот за детектирање на возила во мртов агол, системот за асистенција при итен случај, систем за асистенција во сообраќаен метеж, и со системот за препознавање на сообраќајни знаци, SKODA нуди значително значајни системи за безбедност. Системот за предупредување на возачот не претставува исклучок. Системот за препознавање на замор активно го следи однесувањето на возачот и предупредува кога ќе забележи дека возачот покажува знаци на замор.

Euro NCAP претставува асоцијација на европските министерства за транспорт, автомобилски клубови и осигурителни федерации со седиште во Белгија. Тие спроведуваат контролирани тестови на актуелните автомобилски модели, а потоа ги одредуваат степените за безбедност на кои автомобилите се базираат според системите за безбедност кои се достапни. Euro NCAP е основана во 1997 година и за време на почетниот период, асоцијацијата проценуваше само тестови при судир. Денес тие го одредуваат и рејтингот на активните безбедносни системи и ги вклучуваат во севкупната оценка која ја доделуваат на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП