26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНедостатокот на добри идеи и знаење и стравот од неуспех најголема кочница...

Недостатокот на добри идеи и знаење и стравот од неуспех најголема кочница за претприемачите

Преобемна државна бирократија, високите даноци, неможноста за наплата на побарувања во разумен рок, нејасните прописи и недоволното вмежување – се главните проблеми кои ги мачат претприемачите, покажа неодамна спроведената анкета на Business Cage.

Анкетираните, исто така, сметаат дека главна причина која луѓето ги спречува да започнат сопствен бизнис е стравот од неуспех, а веднаш зад тоа е недостатокот на капитал и честите измени на законските прописи кои се однесуваат на малото претприемништво. Недостатокот на знаење во претприемништвото и непостоењето на добри идеи за бизнис како и недоволната поддршка од блиската околина исто така се чести одговори на анктетираните на прашањето зошто не започнуваат сопствен бизнис.

Резултатите од анкетата, исто така, покажуваат дека претприемачите се многу заинтересирани за концептот менторство, т.е. дека им се чини дека би можеле поуспешно да работат доколку имаат можност за бесплатно советување или надзор на нивниот бизнис од страна на докажани претприемачи или консултанти, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Business Cafe.

Доколку, како што се наведува во анкетата, имаат „магично стапче“ за да ги подобрат условите за бизнис тие: би ја поедноставиле документацијата, би овозможиле поедноставно затворање на претпријатијата, би воспоставиле рок за наплата од 30 дена, би работеле на едукација на населението за претприемништвото уште од основното училиште, би воспоставиле мрежа од ментори кои би им помагале на претприемачите, би работеле на вмрежување на останатите претприемачи во регионот или странство. Веруваат дека е важно да се промени и сликата за претприемачите во јавноста и во медиумите да се претставуваат што повеќе позитивни приказни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП