26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку правила за однесување на состаноците

Неколку правила за однесување на состаноците

Работните обврски на многумина вклучуваат и учествување на деловните состаноци. Меѓутоа во деловното опкружување ретко ќе слушнете дека некој ги сака. Но, без оглед што мислите за состаноците, сепак вежно е кон нив да се однесувате професионално и пристојно.

„Business Insider“ ви претставува неколку правила за тоа како да се однесувате на деловните состаноци, според советите на експертот за кариера Барбара Пачтер.

1. Едно од основните правила е дека на закажаниот состанок мора да се појавите на време. Ако доцните, знајте дека со тоа можби трошите нечие туѓо време.

2. Доколку сите учесници не се познаваат, а вие сте го закажале состанокот, претставете ги другите лица пред самиот почеток.

3. Дојдете подготвени, бидете упатени за темата на состанокот и имајте подготвено прашања.

4. Ако вие го водите состанокот, подгответе добар дневен ред и план за претставување, со цел да не одлутате од темата.

5. Говорете доволно гласно. Една од честите ситуации на повеќето состаноци е дека говорниците не се подготвени гласно да искажат нешто или гласно да постават прашање. Тоа воопшто не изгледа професионално.

6. Започнете со дебата доволно рано. Подоцна е се потешко да се вклучите во конверзацијата и да го кажете своето мислење.

7. Почитувајте ги непишаните правила за конверзација. Не е пристојно некој да го прекинувате додека зборува, но зависно од ситуацијата понекогаш и тоа е потребно за да се слушне и вашиот глас. Важно е да го препознаете добриот момент.

8. Бидете концизни и јасни. Избегнувајте го повторувањето на истите фрази и наведувањето на неважни информации.

9. Мобилниот телефон задржете го во џебот. Многумина имаат обичај за време на состанокот да го чуваат на масата, но кога ќе започне да вибрира и свети, сите очи ќе бидат вперени кон вас.

10. На состанокот е прифатливо да пиете кафе или вода, а би требало да избегнувате јадење (освен ако не станува збор за деловен ручек). Ако од некоја причина мора да јадете за време на состанокот, побарајте дозвола од останатите.

11. Поставувајте прашања во вистинско време. Немојте да бидете еден од оние кои се оставаат за крај кога веќе другите се подготвени за заминување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП