26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл го персонализираше пребарувачот

Гугл го персонализираше пребарувачот

Гугл започна да им доставува на корисниците нова опција за својот популарен пребарувач, посебен таб „Персонал“, кој наместо да го пребарува целиот веб, пребарува само Гугл Акаунт.

Ова значи дека со помош на оваа опција ќе можат да се пребаруваат сопствените колекции на фотографии, документи, па дури и контакти.

Оваа интересна опција засега не е достапна на самиот старт.

За да се стигне до неа, потребно е да се изврши пребарување и потоа да се кликне на опцијата „Повеќе“, во зависност од јазичната поставка и таму да се пронајде опцијата „Персонал“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП