26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше со работа најголемата соларна електрана на светот

Стартуваше со работа најголемата соларна електрана на светот

Изградбата на најголемата фотонапонска постројка на светот е завршена во Кина и таа е приклучена на локалната електроенергетска мрежа.

Тоа е еден од чекорите на кинеската влада, критикувана заради емисијата на штетни гасови, во обидите да предводи во примената на системи за обновлива енергија.

Сместена во градот Хуинан, ова 40 мегаватна постројка ја направи компанијата Сунгров Пауер Саплај.

Самата пловечка мрежа на соларни панели е изградена над некогашниот, а денеска поплавен, рударски регион.

Соларните фарми стануваат сè попопуларни во светот заради единствениот дизајн, кој е ефикасен и решава проблеми на градското планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП