27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМасовна петиција во Словачка: Не ги сакаат српските работници

Масовна петиција во Словачка: Не ги сакаат српските работници

Жителите на една општина во Словачка масовно потпишале петиција против доселувањето на српски работници кои би требало да работат во тамошните фабрики, пренесуваат српските медиуми.

Населението кое живее во општината Водеради во западна Словачка е во паника дека ќе се доселат повеќе од 400 работници од Србија, неопходни за околните големи фабрики, и поради ова до Трновскиот регион била предадена петиција со 1.062 потписи од вкупно 1.500 жители со барање да се спречи адаптирањето на некогашниот интернат во сместување за странски работници.

Жителите на Водеради претходно демонстрирале носејќи ја паролата „Не сакаме работници од Србија“, а сега за брзо време успеале да соберат потписи од речиси сите полнолетни жители на селото, поради тоа што Трновскиот регион, во кој има неколку големи интернационални фабрики, ја изнајмил запуштената зграда на стариот интернат за 133 илјади евра на 20 години, со цел таа да се адаптира за сместување на гастербајтерите.

„Менталитетот на луѓето од Србија или Романија е поинаков, а најверојатно пред воопшто да добијат шанса да се прилагодат на овдешните услови, тие ќе се заминат“, рекол претседателот на оваа општина, Павол Августин.

Според Августи, проблемите во Водеради би важеле за сите работници, не само за странските, поради тоа што селото нема инфраструктура која би го поднела напорот од дополнителните 400 населени лица бидејќи тука нема ниту продавници, места за паркирање или дури и канализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП