27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле очекува во рок од три недели да има договор за грчкиот...

Шојбле очекува во рок од три недели да има договор за грчкиот долг

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека во рок од три недели меѓународните кредитори ќе ги надминат разликите со Грција, а потоа ќе биде постигнат договор со што ќе и се овозможи на земјата да добие нова финансиска помош, пренесува Ројтерс.

Шојбле во Брисел изјави дека во понеделникот на ова прашање не дошло до договор затоа што имало сериозни пречки од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и од една од земјите членки на Еврозоната.

По средбата на министрите за финансии на еврозоната, Волфганг Шојбле изјави дека германската влада не спречила ништо, но се придржува кон правилата.

Тој додаде дека ако се оди добро, договорот ќе биде изработен на средбата во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП