26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбвинителството во Германија ги проверува фабриките на Daimler

Обвинителството во Германија ги проверува фабриките на Daimler

По се изгледа дека аферата со манипулација на вредностите на емисиите кај дизел моторите ќе го прогонува и автомобилскиот концерн Daimler со седиште во Штутгарт.

Службеници на провинциското обвинителство во Штутгарт пребарале неколку фабрики на „Daimler“ поради загриженоста за наводни манипулации, соопшти компанијата.

Со оглед дека тече проверка од концернот не даваат повеќе детали, а појаснуваат дека соработуваат целосно со властите.

Уште во март стана јасно дека обвинителството води слична истрага. Таа е насочена против „познати и непознати вработени на „Daimler AG“’ поради сомневање за измама и казниво рекламирање во врска со можни манипулации на издувните гасови при последователната обработка на дизел автомобилите“. Од „Daimler“ ги отфрлаат обвинувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП