26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДизајнерите на Porsche направија хибридна суперјахта (фото+видео)

Дизајнерите на Porsche направија хибридна суперјахта (фото+видео)

„Porsche“ не е само автомобилска марка, туку и светски познато студио за индустриски дизајн. Таа со години нуди и јахти, но последниот проект во таа насока – „Dynamiq GTT 115 Hybrid“, е нешто навистина импресивно.

Во дизајнот на бродот, кој е со должина од 35 метри, се забележуваат карактеристики од „Porsche 911“ или поточно на верзијата „911 Targa 4“. Тие се гледаат во изгледот на крмата и на горната палуба, додека предниот дел потсетува на концептниот електричен модел „Mission E“.

Погонскиот агрегат во основната верзија на јахтата се состои од два дизел мотори „MAN V12“ со моќност од по 1650 КС, кои овозможуваат развој на брзина од 39 км/ч. Како опција се нудат два електромотори со 60 КС, што го претвора бродот во хибрид. Струјата е особено корисна при маневрирање во зони за рекреација, бидејќи тогаш на патниците и екипажот не им се наметнува да ги испуштаат издувните гасови.

Производителот ветува дека ќе изгради само седум примероци од „Dynamiq GTT 115“, а нарачки веќе се прифаќаат. Стартната цена на јахтата е 11.990.000 евра, но со опциите таа значително се зголемува. На пример, верзијата со дополнителен пакет „Sport Package“ за 250.000 евра нуди карбонски елементи од надворешноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП