27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе ги зголеми државните инвестиции во инфраструктурни објекти

Германија ќе ги зголеми државните инвестиции во инфраструктурни објекти

Германија, често е критикувана поради трговскиот суфицит, кој се одредува како прекумерно голем и во спротивност на интересите на трговските партнери, кои сакаат да ги зголеми државните инвестиции во инфраструктурни објекти во наредните години. Ова се наведува во објавениот месечен извештај на Министерството за финансии, пренесуваат медиумите.

По средното зголемување од 3,8 отсто годишно за периодот 2005 – 2016 година, државните инвестиции на државата, регионалните власти и општините – се очекува да растат со речиси 5 отсто во наредните години до 2021-ва година, се наведува во документот, во кој се истакнува дека ќе има „бум“ во оваа област.

Новите нарачки за градби, јавни и инфраструктурни патишта, расте без преседан од почетокот на 21-виот век, посочуваат експертите на Министерството за финансии.

„Новите нарачки за изградба на патишта се невидени дури од обединувањето на Германија“ од почетокот на 1990-та година, се додава во извештајот.

Германија е предмет на критиките на меѓународните институции и на нејзините трговски партнери како што се САД и Франција, кои ја обвинуваат дека не увезува и не инвестира доволно за да може да имаат корист други економии од нејзините трговски достигнувања.

Ако државните трошоци во Германија се зголемувале со 3,8 отсто просечно годишно во 2005 – 2016-та година, најмногу за прифаќање на бегалци, тогаш тие се зголемиле само за 0,6 отсто во Франција за истиот период, а во Шпанија и Италија тие дури се намалиле, покажуваат податоците презентирани во извештајот.

Меѓународниот монетарен фонд неодамна повторно го повика Берлин да ги намали даноците и да инвестира повеќе.

Министерот за финансии на најголемата европска економија, Волфганг Шојбле, приврзаник на строгата буџетска дисциплина, ја спомена можноста за даночни олеснувања, но само по изборите закажани за есен и тоа ако конзервативната партија на Ангела Меркел освои гласови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП