26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо „Јане Сандански“ ќе се одлучи кој ќе биде шампион

Во „Јане Сандански“ ќе се одлучи кој ќе биде шампион

Петтиот натпревар ќе го даде одговорот кој ќе ја освои шампионската титула во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Карпош Соколи или МЗТ, откако „соколите“ славеа во четвртиот меч 86:78 и израмнија на 2-2.

Актуелниот освојувач на Купот, кој беше домаќин на четвртиот меч, одигра одлично прво полувреме, во кое создаде предност од 21 поен, а по две четвртини имаше водство 56:39, но лошата игра на стартот од третата четвртина можеше да го однесе во пораз.

МЗТ успеа да се врати од големата негатива, најпрвин со серија 3:16, а потоа во финишот два пати и да се доближи на само два поени негатива.

Сепак во пенал завршницата непогрешливи беа Пери, Лабовиќ и Трајковски и Карпош успеа да избори победа.

Карпош Соколи, како и на претходниот меч, ги предводеше Пери со 24 поени, додека Мавра и Лабовиќ постигнаа по 11 кошеви. Кај МЗТ со 17 кошеви најпрецизни беа Синовец и Лалиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП