27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Потрага по смислата на ликовност во соочување со убавината на природата“ -...

„Потрага по смислата на ликовност во соочување со убавината на природата“ – изложба на Владимир Темков

„Потрага по смислата на ликовност во соочување со убавината на природата“ е насловена изложбата на Владимир Темков, која ќе биде отворена на 23 мај во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени дела од магистарски труд изработени во акрил на платно.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци.

Досега имал голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство и остварил неколку студиски престои во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП