26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФајрфокс ќе воведе можност за криење на табови?

Фајрфокс ќе воведе можност за криење на табови?

Со цел за зачувување на концентрацијата за работа, Фајрфокс воведува додаток со кој што ќе може да ги сокриете отворените непотребни табови во прелистувачот.

Сокривањето на табови до зададено време не е нов изум. Како додаток за интернет пребарувачите постои веќе подолго време, но Фајрфокс ќе биде првиот пребарувач кој што оваа опција ќе ја интегрира во себе.

Фунцијата Snooz Tabs во моментов е во експериментална фаза, а доколку се покаже како добра, голема е веројатноста да биде интегрирана во целост.

Со инсталацијата на Snooz Tabs на Фајрфокс, корисникот ќе добие нова икона во горниот денес агол. Со клик на неа се отвораат опциите за тоа кога одреден таб повторно да може да се отвори. Можно е да се постави точно време, дури и ден или месец.

Кога ќе дојде времето за отворањето на табот, Фајрфокс тоа ќе го направи во позадина, без прекинување на тоа што корисникот го работи во моментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП