26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНокиа најави два нови телефони со Снапдрагон 835

Нокиа најави два нови телефони со Снапдрагон 835

ХМД Глобал (HMD Global), сопственик на името Нокиа, во тек на неодамнешниот Мобајл Ворлд Конгрес (Mobile World Congressa) (MWC) во Барселона, претстави три модели темелени на Андроид: Нокиа 3, Нокиа 5 и Нокиа 6.

Покрај овие три телефони премиера дочека и четвртиот модел Нокиа 3310, освежено издание на телефон кој пред 20 години доминираше на пазарот. Токму 3310 ги украде светлата на рефлекторите на сите други и беше најголема приказна на MWC.

Веќе подолго време се зборува дека овој бренд кон средината на годината треба да претстави уште еден телефон. Се претпоставува дека тоа ќе биде нивниот најдобар модел, чие време на појава на пазарот ја диктира достапноста на моќниот Куалком чипсет Снапдрагон 835. Овој чипсет штотуку почна да се вградува во првите мобилни телефони и ќе биде достапен во поголеми количини оваа пролет.

Светот на мобилната телефонија и вака со нетрпение чекаше што ќе понуди Нокиа како алтернатива на Самсунг Галакси S8 и S8+, за да се објави веста дека Нокиа работи на дури два мобилни телефони темелени на Снапдрагон 835.

Како што пишува Übergizmo, освен наведениот чипсет новата Нокиа веројатно ќе има двојна задна камера како и до 6 GB работна меморија, со што целосно ќе ги следи актуелните трендови.

Во продажба треба да стигне во текот на шестиот месец; со оглед дека HMD Global веќе е преоптоварен со четири постоечки телефони, прашање е како ќе излезе на крај со овој нов двоец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП