26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИProcter & Gamble со пад на профитот поради посилниот долар

Procter & Gamble со пад на профитот поради посилниот долар

„Procter & Gamble“ (P&G), производителот на прашокот за перење „Ariel“ и жилетите „Gilette“, забележи опаѓање на профитот за третиот квартал од 8,3%, повикувајќи се на доцнењето на пазарниот раст, геополитичката несигурност и посилниот долар, соопштува „Ројтерс“.

Нето добивката на компанијата со седиште во Синсинати, Охајо, опаднала до 2,52 милијарди долари, или 93 центи по акција, за трите месеци до 31-ви март од 2,75 милијарди долари, или 97 центи по акција, за истиот период од минатата година.

Без еднократните ефекти добивката изнесува 96 центи, што е над просечната оценка на аналитичарите од 94 центи, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Гигантот во потрошувачките стоки, чиј најпознати брендови се „Tide“, „Pampers“, „Head & Shoulders“ и „Vicks“, изјави дека нето продажбата се намалуваат за околу 1% до 15,61 милијарди долари – трет квартал на пад. Аналитичарите очекуваа продажба за 15,73 милијарди долари.

Продажбата се намалува веќе три години и бидејќи компанијата го намалува своето портфолио.

Компанијата се разделува со непрофитабилни брендови и се фокусира на големите брендови како „Tide“ и „Pampers“, за да ја заживее тешката продажба. Таа најде нов сопственик за 41 од брендовите, вклучувајќи и за „Clairol“ и „Wella“, како и „Coty“ во зделка за 12,5 милијарди долари во октомври.

„P&G“, која започнува како семеен бизнис за производство на свеќи и сапуни во 1837-ма година, ги задржува прогнозите за раст меѓу 4% и 6% на профитот по акција и зголемување од 2-3% на органските продажба.

Акциите на компанијата, кои поскапеа за 10,6% во минатата година, поевтинија за 0,7% во прелиминарната трговија. Во почетокот на редовната сесија акциите го забрзуваат падот до речиси 1,7%.

„P&G“ изјави дека планира да направи заштеди за 10 милијарди долари во следните пет години и да користи дел од овие средства, за да го подобри пакувањето, истражувањата и развојот и покриеноста на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП