26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте бројот на корисници на Twitter, но приходите паѓаат

Расте бројот на корисници на Twitter, но приходите паѓаат

Бројот на месечно активни корисници на американската социјална мрежа „Twitter“ порасна за шест проценти, со што се надминати очекувањата на аналитичарите.

Корисничката база на „Twitter“ е зголемена на 328 милиони месечно активни корисници во првиот квартал ова година од 319 милиони од последниот квартал минатата година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Аналитичарите очекуваа дека бројот на корисници ќе порасне на 321,3 милиони , според анкетата на истражувачката компанија Фактсет.

Приходите на „Twitter“, сепак, опаднаа за 7,8 проценти на 548,3 милиони долари, што е прв пад на приходите од иницијалната јавна понуда на акциите на „Twitter“ во 2013 година.

Во првиот квартал заклучно со 31-ви март нето загубата е намалена на 61,6 милиони долари или девет центи по акција, во однос на 79,7 милиони долари или 12 центри по акција од истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП