27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција без нови мерки за штедење за намалување на долгот

Грција без нови мерки за штедење за намалување на долгот

Грчката влада и кредиторите се согласија на компромис – за грчката влада тоа значи уште штедење во 2019 година и 2020 година, кога спасувачката програма треба да биде завршена во пракса.

Премиерот на земјата, Алексис Ципрас, сепак, се обидува да ја направи зделката поприфатлива, па сигнализираше дека владата и парламентот ќе ги прифатат потребните законски измени за новите економии, но тие нема да бидат спроведени без активности за ублажување на долгот.

„Преговараме не само во рамките на програмата, но и за долгот“, рече Ципрас. Спроведувањето на преговори за простување на дел од долгот беше внесено во предизборните ветувања на СИРИЗА.

Доверителите побараа од Грција намалување на трошоците за пензии во 2019 година и укинување на даночните олеснувања во 2020 година. За сметка на тоа, земјата ќе има можност за вонредни мерки, ако ги надмине буџетските цели. Во 2016 година Атина има реализирано буџетски суфицит и Владата им подели новогодишни бонуси во вкупна вредност од 617 милиони евра за 1,6 милиони пензионери.

„Во овие преговори ние освоивме и изгубивме по нешто, но на крајот резултатот е позитивен бидејќи владата успеа да ги одбрани работничките права и контрамерки“, потенцираше Ципрас.

Грчкиот премиер признава уште дека „имал илузии“ пред да ја преземе функцијата и „се удрил во ѕид“, но е категоричен дека неговата битка не била залудна. Преговарачките тимови веќе се вратија во Атина и ја започнаа својата работа со институциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП