26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудентската пракса иако е задолжителна има многу аномалии

Студентската пракса иако е задолжителна има многу аномалии

Невработеноста на младите, тема на Младинскиот образовен форум, кои истружуваа зошто младите си одат од државата. Тие се обиделе со менторите да опфатат некои од елементите, а адресирани се и некои од политиките кои државата ги води за младите бидејќи нивната невработеност растела.

Во 2010 година студенската пракса станува задолжителна за сите студенти во државните и во приватните универзитети во Македонија, со цел истата да им користи при вработување. Анализирани се студентите, фактултетите и јавните компании. Како најстар универзитет, анализиран е Универзитетот „Кирил и Методиј“.

„Сметаме дека факултетите треба да го надополнат правилникот на МОН бидејќи истиот само општо ги уредува односите и нормите, со цел студентите праксата да ја изведуваат поефективно. Правилникот не е секогаш почитуван. Најголемата забелешка е што нема присуство на ментор од високообразовната институција. 73% немале никаков ментор“, вели Петар Барлаковски.

Вкупно 142 студенти биле опфатени со истражувањето. Тие велат дека речиси секој четврти студент немал студенска пракса. Само ФИНКИ има утврдено кои се студентите кои имаат остварено студентска пракса. Во нивниот примерок имало и испитаници кои имале документ дека имале пракса, но тоа не се случило во реалност.

„Ако ги анализираме одговорите од студентите, ќе воочиме дека тие не гледаат поврзаност меѓу праксата и работата во реалниот свет. Тие немаат пристап до дополнителните можности за извршување на студентската пракса, со тоа тие мораат сами да изберат каде ќе ја извршуваат“, вели Соња Митиќ.

Времетраењето на праксата е правопропорционално со нејзината корисност, но тие не добиваат финансиска компензација, а исклучок од ова се само студентите од ФИНКИ. Заклучокот бил дека студентите се свесни за потенцијалните добивки од праксата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП