26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради даночно затајување уапсен директорот на Њукасл

Поради даночно затајување уапсен директорот на Њукасл

Британската полиција во средата влегла во просториите на англиските клубови Вест Хем и Њукасл, како дел од истрагата за наводно даночно затајување. Англиските медиуми објавија дека неколку лица биле уапсени.

Како што пренесе „Скај“, покрај редовните полициски службеници, на овој случај работеле и околу 180 специјални полицајци во Велика Британија и Франција. Во акцијата се уапсени неколку лица, меѓу кои и директорот на новиот премиерлигаш Њукасл, Ли Чарнли.

Во соопштението се наведува дека истражителите извршиле претрес во неколку објекти во североисточниот и југоисточниот дел од земјата, дека биле одземени деловни книги, финансиски извештаји, компјутери и мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП