27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПречките со кои се соочуваат бизнисите во Струга

Пречките со кои се соочуваат бизнисите во Струга

СКСЗМ и денеска продолжи со посета на компаниите, овој пат во Струга.

Компаниите дискутираа за бизнис климата во Република Македонија којашто влијае и во основањето нови компании, но и за постоечките компании.

На овој состанок се дискутираше дека треба да се сменат одредени закони кои создаваат потешкотии во работењето на компаниите, со цел да им се овозможи на компаниите да бидат поконкурентни на пазарот, без разлика дали станува збор за мали компании, средни или големи компании.

На денешниот состанок со компаниите беа презентирани активностите на Комората, вклучувајќи ги тука и годишниот и финансискиот извештај за 2016, услугите кои ги нуди Комората, и публикациите на Комората, законскиот информатор Јурис, економскиот информатор Economicus и информаторот за можностите за финансирање Добивка.
Компаниите, исто така, беа запознаени со различните можности за финансирање во форма на неповратни грантови.

СКСЗМ ќе продолжи со состаноци со компании во сите градови со цел отворање на дебата и дискусија со нашите членки компании, но и со други компании за проблемите со кои тие се соочуваат и за проблемите кои компаниите мислат дека заедно и ние како Комора треба да се вклучиме во нивно решавање, кои несомнено би влијаеле позитивно во развојот на економијата во нашата земја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП