26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто шефовите ги толерираат неработниците?

Зошто шефовите ги толерираат неработниците?

Неработниците најчесто се весели, секогаш со сите се добри, се знаат, но кога станува збор за работата секогаш ја заобиколуваат. И никогаш поради тоа не се повикани или казнети.

Тие се секогаш опуштени и со добра волја, работат далеку помалку од вас, но затоа стигнуваат да испушат цигара, да позборуваат со другите и да дознаат што се случува во компанијата, да скокнат на социјалните мрежи, да телефонираат со пријателите и семејството…

Тие се неработници, но без оглед на тоа секогаш опстануваат во сите режими и времиња, популарни се во околината и шефовите ги толерираат.

Истовремено, вие ќе го искривите грбот за да ја одработите и вашата и нивната работа. И кој од вас е попаметен?

Психолозите велат дека тоа е секојдневие речиси секаде, особено на овие простори, во кои мрзеливите секогаш се на врвот, а оние работливите страдаат поради нив. Неработниците се често заштитени и поради здравствени или семјните проблеми или поради лошиот материјален статус поради кој мораат да работат две работи, па на ниту една не и се посветуваат доволно.

„Сочувство би требало да постои, но лошо е кога се злоупотребува. Помагањето на колегите во невоља, често се изведува „преку грбот“ на вредните работници, кои можеби исто така имаат проблеми, а за тоа ниту зборуваат ниту пак тоа им пречи во работата. Навикнале да молчат и да работат, додека другите ја користат секоја ситница за да ги оправдаат изостаноците и нередот“, велат психијатрите.

Шефовие речиси секогаш ги интересира финалниот производ и не забележуваат дека поединци во неговата реализација не учествувале. Истовремено, тие поединци се задоволни со добивањето на плата без многу работа и труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП