26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да изградите успешен тим?

Како да изградите успешен тим?

Понекогаш тоа изгледа како вистинска утопија па често ни страдаат живците и страдаме од стрес бидејќи никако не можеме да најдеме квалитетни луѓе кои врвно би ја обавувале својата работа.

Но, едно морате да знаете. Најдобрите луѓе морате да ги платите во склад со нивните очекувања бидејќи во спротивно ќе имате незадоволни работници кои брзо ќе ве напуштат.

Еден од начините со чија помош ќе создадете одличен тим е тој да изградите искрен однос со своите вработени.

Поставете им тешки прашања – Какви проблеми имаш, дали ти е неудобно кога добиваш конструктивна критика, што те загрижува, кој најмногу ти оди на нерви од тимот, кои работи не ти се допаѓаат кај мене и слично.

Бидете отворени и тогаш таков пристап ќе добиете и од своите луѓе. Потоа, важно е дека се прифатат и грешки. Човечки е да се направи грешка и не треба околу тоа да се создаваат драми. Треба да им кажете на вашите луѓе „Главата горе, екипо, одиме понатаму, утре е нов ден…“.

Не треба само да прејдете преку грешкитие, туку потребно е да ги анализирате за да видите како дошло до нив и да пронајдете решение.

Барајте отворен дијалог, покажете дека грешките не се крај на светот. Би било добро да ги пофалите вашите луѓе не само кога резултатите се добри, туку и кога ќе видите дека се мачат, борат, односно прават се и навистина им е тешко.

Прославете го нивниот напор и желба, повикајте ги на пиво или коктел, покажете дека ја цените нивната посветеност и дека знаете дека на крајот добрите резултати ќе се појават. Тоа дополнително ќе ги мотивира вработените и ќе ги одалечи од стравот од неуспех.

Важно е и вие да прифаќате лична критика, барајте повратна информација, можеби некој има подобра идеја од вас, сослушајте ги предлозите, немојте да се правите најпаметни.

Тешко е да се изгради победнички тим, на сите нас тоа ни е јасно. Потребно е големо трпение, волја и среќа, бидејки без нив не оди никако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП