27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕArarat Park Hyatt - Импозантен хотел во Москва (фото)

Ararat Park Hyatt – Импозантен хотел во Москва (фото)

Лоциран во самиот центар на Москва, импозантниот хотел Ararat Park Hyatt Moscow е луксузен дом за сите светски патници кои ќе се најдат во престолнината на Русија.

На само неколку стотина метри одалеченост од Кремљ и легендарниот Црвен плоштад, овој фантастичен хотел нуди микс од непогрешливо добар стил и безброј можности за уживање. Ова е место наменето за сите оние кои не признаваат ординарни искуства и безличност.

Сместувањето во овој хотел ќе ве наведе да помислите дека се наоѓате во сценографијата на некој филм. Погледот на Бољшој театарот од прекрасните соби на овој хотел, навистина ќе ве остави без текст. Овде се е подредено со чист хедонизам, од бањите па до подното греење. Доколку тоа не ви е доволно, секогаш постои опција да го изберете двокатниот ултра луксузен пентхаус кој се наоѓа на врвот од хотелот нудејќи уште поспектакуларен поглед на Кремљ.

Овде се е фантастично. Еднаш кога ќе ги вкусите врвните специјалитети кои ги има хотелскиот Park ресторан, Cafe Ararat или минималистичкиот суши бар, ќе посакате повторно да се вратите.

Иако овој хотел нуди извонредна услуга, толку добра што веројатно нема да посакате да го напуштите, магичната култура на Русија и спомениците, ќе ве натераат на долги прошетки и обиколка на градот. Кога ќе се вратите ќе бидете препородени благодарени на спектакуларниот SPA центар кој го поседува хотелот, а тоа е завршеток на денот за кој сте мечтаеле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП