26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузејот на современа уметност ја отвора библиотеката -5200 наслови и 2000 магазини

Музејот на современа уметност ја отвора библиотеката -5200 наслови и 2000 магазини

По долгогодишна пауза, Музејот на современа уметност, односно библиотеката и истражувачкиот центар на оваа институција, денеска повторно ќе го стави на располагање фондот од 5200 наслови и 2000 магазини.

Меѓу овие изданија има бројни монографии на меѓународни и домашни автори што ќе бидат достапни за студентите и сите останати љубители и истражувачи на уметноста.

Оваа дата база е воедно најголемата за модерна и современа уметност во Македонија.

Обновувањетро на ентериерот и опремата за библиотеката се донација од осигурителната компанија „Еуролинк“ со кого е потпишан договор за донација на годишно ниво со насочување на средставата во повеќе сегменти од содржините како и од годишната програма на музејот.

„Во иднина ќе се стремиме кон збогатување на нашиот фонд со актуелни наслови од литературата за уметноста, архитектурата, дизајнот и културата“, најавуваат од МСУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП