8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако другите го користат времето и физичкото опкружување за да манипулираат со...

Како другите го користат времето и физичкото опкружување за да манипулираат со вас?

Манипулацијата во физичкото опкружување е присутна кога на пример, присуствувате на состанок под стресни услови.

Тоа се ситуации кога за време на состанокот некој постојано влегува во просторијата за нешто да го праша соговорникот, телефонот непрекинато ѕвони и тој упорно одговара на повиците како вие да не сте тука, премногу е топла, ладна или бучна просторија, светлината ви удира во очи, седите на ниска или неудобна столица, додека седите гледате во ѕид, а со грбот сте завртени кон вратата итн.

Во тие ситуации најдобро е отворено да поставите прашање дали постои некоја причина поради која ве сместиле на ниска столица или едноставно станувате и започнувате да шетате по просторијата. На тој начин личноста која се обидела да ве изманипулира повеќе не е физички над вас, туку под вас. Тоа истото можете да го направите и ако на пример, светлината ви удира во очите или во било која друга ситуација во која се чувствувате непријатно. Сосема е пристојно да станете или едноставно да побарате да се промени локацијата за разговор.

Доколку другата страна користи тактика со временски притосок и на пример, ви понуди краток и речиси неприфатлив рок за донесуавање на одлука, изнесување на понуда или изјаснување за понуда, морате да знаете дека се работи за чиста манипулација.

Покрај временскиот притисок, другата страна може да користи и тактика со временско одложување. На пример, ако другата страна знае дека немате многу време на располагање. За да ја избегнете оваа манипулација потребно е секогаш да оставите вишок време, кое нормално не се открива. На овој начин себе си ќе се обезбедите да не станете жртва на временската уцена, а другата страна ќе биде изненадена што тактиката не и функционира. Манипулацијата со времето е една од најчестите манипулации во денешниот бизнис свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП