27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеприкосновено луксузниот пентхаус во Мајами (фото)

Неприкосновено луксузниот пентхаус во Мајами (фото)

Њујоршкото студио Smiros & Smiros Architects соработуваа се еден клиент четири пати, пред да ја добијат приликата да го дизајнираат неговиот стан во Мајами…

На обалата на Саут Бич, овој проект зазема цел еден спрат од градбата во која се наоѓа, како и кровната тераса, а нуди врвен панорамски поглед кон океанот и градот. Современиот ентериер на овој пентхаус содржи под од светло дрво, елегантни бели плафони и прозори од подот до таванот, кои го врамуваат погледот кој преку нив се постела како уметничко дело.

Повеќето финиш елементи се во неутрални и природни бои и текстури, со цел да се спречи да се му се одземе приматот на погледот кон обалата. Топлите дрвени елементи се одлично искомбинирани со мермерните детали во пространата кујна. Ѕидовите на главната бања, како и подовите, се облечени во мермер кој е искомбиниран со огледалата кои поседуваат дрвени рамки и ѕиден мијалник.

Мебелот во екстериерот е прекриен со црвени перници и опкружен со црвени чадори, што е совршено надополнување на тиркизната боја на океанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП