Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Tip of the week: Трема

Време: 13:30

Датум: март 30, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Пред некој ден бев на концерт, во изведба на една млада група музичари. Неколку од нив изведоа повеќе кратки дела. Интересно беше да се забележи нивната трема, особено на почетокот. Згрчени во целото тело, во прстите, едвај свиреа. Но, како ги исполнуваа делата, подоцна во репертоарот, нивната енергија се смири, тие се фокусираа повеќе, и многу подобро и со леснотија ги изведуваа песните.

Што им се случи?! Едноставно кажано, на почетокот имаа повеќе трема, а подоцна тремата им се намали. Ако ја разгледаме оваа констатација од логична перспектива, може да заклучиме дека тие од аспект на знаење (музички вештини) биле истите од самиот почеток до крај. А сепак изведбата не беше иста од почеток до крај. Она што влијаело врз нивната изведба биле мислите и емоциите. Во тие моменти, негативните мисли целосно го обземаат нашето внимание и стравот нè отфрла од фокус (колосек).

Интересен беше мојот професор по математика. Нè прашуваше пред испит, имате ли трема?! Велеше, ако имате тоа е добро, значи сте учеле. Ако не сте учеле, зошто да имате трема, ќе се плашите да не ве прашаат нешто што не знаете?! Во продолжение уште неколку совети што може да ги употребувате во ситуации кога чувствувате силна трема:

  1. Нормално е / на сите им се случува. Дури и на најдобрите актери, музичари, изведувачи. Научно е докажано дека само со менување на перспективата на гледање на ситуацијата, може да се влијае на „трема” ситуацијата. Само доколку му кажеме на мозокот дека тоа е нормално чувство, дека тремата е чувство дека сме работеле и сме се подготвувале, едноставно ја прифаќаме состојбата.
  2. Заменете ги мислите. Од негативни и во релација со состојбата, мислете на нешто целосно различно, а убаво. Како после настанот ќе си одите негде на пијалак или прошетка во парк, или возење велосипед, ручек итн.
  3. Дишење: една од најдобрите техники за смирување е дишењето. Секогаш длабокото дишење од стомак е техника што се покажала многу успешна за многу луѓе и сутуации.
  4. Избегнувајте кофеин. Дополнителен „адреналински шок” на вашето тело не му е потребен во моментите кога сте нервозни или напнати.
  5. Пред некој важен настан, ако можете вежбајте. Испотете се и потрошете ја вишокот енергија што во суштина ни прави проблем.
  6. Уживајте: опуштете се и предадете се на ситуацијата. Дајте го најдоброто од вас и уживајте во моментот.

Но, во секој случај едни од најдобрите техники кои влијаат на намалување на тремата е инвестирањето во знаење и во тренинг (практика и искуство). Со јакнење на вашите вештини (знаење), вие добивате повисока самодоверба, а со тоа поголема сигурност, полесна изведба на што и да правите.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    Веќе на двапати, во разговор со двајца различни луѓе, ми кажуваа за инженер, французин, кој што живее повремено во село Јанче. Во ова убаво горнореканско…

  • Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација? Доколку одговорите:Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со…

  • КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    Според насловот можеби можете да претпоставите дека оваа колумна е на тема Општата или јавна чистота. Секоја година имам чувство дека градот ни е повалкан…

  • Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална…

  • КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    Јас ја имав среќата (или несреќата) да бидам еден од оние кои бевме последна септемвриска класа во Југословенската Народна Армија (ЈНА). Среќа затоа што имам…

  • КОЛУМНА: Кредитен мораториум – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Кредитен мораториум – М-р Раде Чоловиќ

    Мала школа по банкарство. Банка е финансиска институција чија главна дејност е прибирањето депозити од граѓаните и давањето кредити, како и извршувањето на платниот промет во земјата и странство. Значи,…

  • Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Tip of the week: Балансирање на очекувањата

    Станавме општество во кое очекувањата се високи, но ајде што се високи, туку сакаме работите да ни се случуваат многу брзо. Тоа е најмногу видливо…

  • КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Децата, родителите и спортот – М-р Раде Чоловиќ

    Јас, како и многу родители (ако не и сите), ги насочував децата од мали кон тоа да тренираат спорт, да учат некој странски јазик,  да…

  • КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

    Македонија главната трговија ја врши по копнен пат, со камионски превоз. Железничкиот транспорт на роба е многу мал. Главно пристаниште за увоз и извоз на…

  • Tip of the week: Површни луѓе

    Tip of the week: Површни луѓе

    Јас не знам човек што сака да збори или дружи со површни луѓе? Но знам многу кои би поминале повеќе време со луѓе со вредности,…