26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочување на соработката меѓу Скопје и Нанчаг

Продлабочување на соработката меѓу Скопје и Нанчаг

Подобрување на соработката во сферата на економијата, туризмот, информатичката технологија и фармацевтската индустрија, било тема на разговор на делегацијата на кинескиот град Нанчаг со претставници на Град Скопје, предводени од скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Скопје и Нанчанг се збратимени од 1985 година, во кои постои продлабочена соработка, пред се во областа на културата. Минативе две години во Скопје гостуваа културни ансамбли од Нанчанг каде со посебен настап се одбележа Кинеската Нова година.

Минатава 2016 година, делегација од Градот Скопје, составена со претставници на повеќе сектори од администрацијата и Советот на Град Скопје, беа во повеќедневна посета на Нанчанг.

Нанчанг е главен град на провинцијата Јиангчи (Jiangxi) во југоисточниот дел на Кина и има популација од повеќе од 5 милиони жители. Нанчанг е еден од најголемите центри на автомобилската индустрија во Народна Република Кина, како и центар за производство на традиционални кинески медикаменти. Во изминативе години истиот прераснува во центар на информатичка и други видови на „висока технологија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП