27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал е бројот на лица со посебни потреби кои се вработени во...

Мал е бројот на лица со посебни потреби кои се вработени во домашни компании

Мал е бројот на домашни компании и организации кои вработуваат лица со посебни потреби, покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“.

Овој проект е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

Иако во изминатите години беа донесени низа на позитивни мерки за вработување на лица од оваа категорија реалноста говори дека е многу мал бројот на фирми кои ги користат поволностите кои ги нуди државата, а не ретко доаѓа и до ситуации во кои работодавачите ги вработуваат само за да ги искористат бенефициите кои следуваат од државата.

„Следејќи ги статистичките податоци за бројот на невработени лица со посебни потреби за жал може да заклучиме дека од година во година очигледен е растот на бројот на лица со посебни потреби кои бараат работа, но не наидуваат на вработување од страна на домашните компании. Во рамки на нашиот проект правиме напори и ќе реализираме низа на активности во соработка со нашите партнери од Здружението на студенти и младинци со хендикеп со цел подобро разбирање на состојбата на лицата со посебни потреби и изнаоѓање на што поголем број можности за унапредување и вработување на лицата од оваа категорија”, укажуваат од проектниот тим.

Во рамки на овој проект беа отворени четири Инфо-точки во кои ќе работат четири службени лица и тоа две во Скопје и по едно во Велес и Кавадарци во временски период од шест месеци каде со директни контакти ќе се остваруваат советодавни и информативни средби на лицата со посебни потреби и работодавачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП