26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција воведе царини на земјоделските производи од Русија

Турција воведе царини на земјоделските производи од Русија

Министерството за земјоделство на Русија доби официјално известување за воведувањето на царина на руските производи, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Министерството.

Минатата недела Националната асоцијација на извозници на земјоделски производи на Русија побара од министерот за земјоделство Александар Ткачев да преземе мерки за обнова на извозот на земјоделски производи во Турција. Според податоците на NAIPP, Анкара од 15 март го откажа издавањето на лиценци на увозот на руска пченица, пченка, масло, сончогледова сачма.

Асоцијацијата укажа дека Турција фактички вовела ембарго на испораките на земјоделски производи од Русија. Министерството за економија на Турција ги негираше информациите за забраната на узозот, но портпаролот на руското трговско претставништво во Анкара соопшти дека Министерството за економија на Турција ја исклучило Русија од списокот земји со нулта стапка на царина.

„Од 15-ти март оваа година царината на увозот на пченица и пченка во Турција изнесува 130 проценти, на оризот 45 проценти, на маслото 36 проценти, на сончогледовата сачма 13,5 проценти и на гравот 9,7 проценти“, се наведува во соопштението на руското Министерство за земјоделство.

Според податоците на весникот, за увозот на масло, освен царина од 36 проценти, постојат и други ограничувања, минималната царина треба да изнесува 1.500 долари по тон. Министерството за земјоделство соопшти дека тоа е „невозможно при сегашната цена од 800 долари за тон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП