27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕJumeirah Port Soller Hotel & Spa на Мајорка ги исполнува сите очекувања

Jumeirah Port Soller Hotel & Spa на Мајорка ги исполнува сите очекувања

Дали започнавте со размислувањата каде би сакале да го поминете наредниот годишен одмор? Доколку евентуално сакате да ја посетите Шпанија, знајте дека Балеарскиот остров на Мајорка е идеална дестинација.

Во срцето на овој рај се наоѓа Jumeirah Port Soller Hotel & Spa, фантастично место кое е сместено во ридестото опкружување на брегот на Мајорка, па ќе имате комплетна авантура благодарение на идеалното опкружување во чии рамки е сместен хотелот.

Нудејќи одличен поглед кон морето, неверојатните видиковци и прекрасните ентериери, ова место ќе се покаже како идеална база за оние кои сакаат да му се восхитуваат, како на Средоземното море, така и на прекрасниот Sera de Tramuntana планински венец. Но, ајде да се фокусираме на сета убавина на Jumeirah Port Soller хотелот.

Луксузниот хотел ќе ве маѓепса со своите соби, а ги има вкупно 121, при што повеќето од половината сместувачки капацитет нуди поглед на море. Ќе го доживеете класичниот шпански стилски шмек во внатрешноста на хотелот кој е комбинација од едноставност и елеганција.

Хотелот поседува олимписки базен со бар кој е лоциран на највисоката точка од хотелот, па е воедно и идеално место за набљудување на заоѓањето на сонцето.

Врвно опремениот фитнес центар и СПА исто така ви се на располагање кога ќе посакате, а наша препорака е да го опосетите и Port Sóller, малото рибарско место, што дополнително ќе ја заокружи приказната за фантастичниот одмор на шпанскиот остров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП