26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНад 10 години Apple не платил данок во Нов Зеланд

Над 10 години Apple не платил данок во Нов Зеланд

Технолошкиот гигант Apple се соочува со можна истрага на Нов Зеланд по извештајот дека во таа земја не платил данок најмалку 10 години.

Apple избегнал да плати данок и покрај заработените милијарди долари, пренесуваат медиумите.

Истрагата на весникот New Zealand Herald откри дека тамошниот огранок на Apple од 2007 година данокот од 37 милиони новозеландски долари, или 24 милиони евра, наместо на Нов Зеланд, го платил во Австралија.

Компанијата на новозеландскиот Apple е регистрирана во Австралија, а овие две земји имаат договор според кој даноците се плаќаат во само една од нив.

Apple соопшти дека работел според законот, но сепак се најде на удар на новозеландските политичари.

Некои даночни аналитичари го нарекоа договорот необичен, бидејќи австралиската даночна стапка за корпорациите е 30 отсто повисока од онаа на Нов Зеланд.

Apple последните години се соочува со притисоци заради префрлање на профитот во оф-шор зоните, заради што се водат постапки во рамки на Европската унија (ЕУ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП