26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата за јануари изнесува 22.750 денари

Просечната нето-плата за јануари изнесува 22.750 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јануари 2017 година изнесува 27.750 денари и е повисока во однос на јануари 2016 година за 2,2 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и Градежништво (11.7%).

Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Табелата можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП