27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел се подготвува за единствен пазар на финансиски услуги во ЕУ

Брисел се подготвува за единствен пазар на финансиски услуги во ЕУ

Само 7% од европските потрошувачи купуваат финансиски услуги од друга држава во Европската унија (ЕУ), покажуваат податоците на Европската комисија (ЕК), претставни како дел од планот за акција за отстранување на националните бариери пред воведувањето на единствен пазар на финансиски услуги.

Ова ќе значи и посилна конкуренција и подобар избор за корисниците, независно од тоа дали бараат дома или во странство финансиски услуги, како банкарски сметки, осигурување или трансфер на пари, пишуваат од Комисијата.

Според денес застапениот план, сите корисници во заедницата треба да можат да избираат од широкиот спектар финансиски услуги кои се достапни во целата ЕУ, добивајќи најдобар сооднос помеѓу квалитетот и цената, а во исто време нивните права да бидат добро заштитени. За давателите на овие услуги предноста е дека ќе имаат пристап до целиот пазар на ЕУ.

Од ЕК ги очекуваме мислењата на заинтересираните лица – вклучувајќи ги корисниците и корисничките организации и националните регулатори, како точно да биде реализирана оваа можност. Консултациите ќе продолжат три месеци, а потоа, врз база на добиените препораки, во Брисел ќе се подготват и конкретните чекори за постигнување на единствен пазар на финансиски услуги.

Во центарот на предлогот ќе бидат новите технологии, бидејќи нивниот брз развој крие нови можности за корисниците и давателите на услугите.

Истражувањата на ЕК покажуваат дека секторот на финансиските услуги е меѓу критикуваните од европските потрошувачи. Кај него има високо ниво на незадоволство од понудените услуги, голема разлика во цените и низок степен на заменливост на производите. Според европските чиновници тоа е сигнал дека конкуренцијата не работи добро на овој пазар, а бариерите треба да бидат отстранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП