8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд се уште е во трка за плејофот

Портланд се уште е во трка за плејофот

Кошаркарите на Портланд и Далас ја продолжија потерата по осмопласираниот Денвер во борбата за пласман во плејофот во Западната конференција, откако изминатата ноќ забележаа победи во дуелите со Њујорк, односно ЛА Клиперс.

Портланд без поголеми проблеми славеше во дуелот со Њујорк 110:95 и ја забележа 33-та победа во сезоната. Портланд на табелата има една победа помалку од Денвер.

Портланд до победата го предводеа Демијан Лилард со 30 поени, Си-Џеј Мекалум со 20 поени и Јусуф Нуркиќ со 16 поени, 10 скокови и 3 блокади.

Далас славеше во дуелот со ЛА Клиперс, минимално 97:95 и ја забележа 31-та сезонска победа. Братот на ѕвездата на Голден Стејт Стеф Кари, Сет, го предводеше Далас до победата со 23 поени, два помалку постигна Херисон Барнс.

Сан Антонио славеше во дуелот со Мемфис 97:90 и во однос на првопласираниот Голден Стејт има две победи помалку. Наредната недела Сан Антонио и Голден Стејт ќе го одиграат дуелот кој може да реши кој тим регуларниот дел од сезоната ќе го заврши на првото место во лигата.

Сан Антонио до 55-та победа во сезоната го предводеа Ламаркус Олдриџ со 23 и Каваи Ленард со 19 поени.

Торонто против Мајами победи со 101:84, додека Бруклин го совлада Феникс 126:98.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП