26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Симеоне одбил понуда од кинески клуб вредна 35 милиони евра

Диего Симеоне одбил понуда од кинески клуб вредна 35 милиони евра

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, открил дека одбил понуда од кинески клуб вредна 35 милиони евра. Аргентинецот не сакал да го напушти Атлетико бидејќи сака да го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Симеоне одговорајќи на новинарски прашања дека интерес за неговите услуги покажуваат Арсенал, Интер и неколку екипи од Кина, рекол дека идентитетот кој го изградил со тимот не му дозволува да замине.

„Да сакав да одам во некој друг тим ќе го направев тоа. Имав 35 милиони причини за тоа, 35 милиони. Сепак, не сакав да заминам, имам силно чувство на идентитет со екипата“, рекол Симеоне.

Договорот на Чоло со Атлетико истекува во 2018 година, откако со клубот се договори да ја намали соработката за две години.

„Градиме нов стадион, буџетот ни се зголемува и со Божја помош можеме да стигнеме до пехарот во Лигата на шампиони“, порачал Аргентинецот.

Атлетико во четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе игра против Лестер, првиот меч се игра во Мадрид на 12.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП