8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРигорозна казна за Севилја поради навредите упатени до Серхио Рамос (видео)

Ригорозна казна за Севилја поради навредите упатени до Серхио Рамос (видео)

Комисијата за натпревари при Фудбалскиот сојуз на Шпанија ригорозно ја казни Севилја, поради навредите кои нејзините навивачи му ги испратија на Серхио Рамос на натпреварот во Купот одигра на 12.јануари.

Реал на 12.јануари гостиваше во Севилја, во шеснаесетина финалето во Купот на Кралот, а како што соопшти Комисијата, Серхио Рамос во текот на целиот натпревар бил навредуван од страна на домашните ултраси.

Натпреварот заврши со резултат 3:3, а навивачите беа најжестоки кога Рамос со „паненка“ реализира пенал.

Според Комисијата затворени ќе бидат секторите N11 и N12 на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“. На овој дел од стадионот натпреварите ги следи нанвивачката група „Biris Norte“, за која и Министерството за внатрешни работи на Шпанија потврдило дека се работи за насилничка група.

Одлуката на Комисијата е преседан во шпанскиот фудбал еден клуб да биде казнет на овој начин, со затворање на дел од трибините. Поради слични инцидентит во минатото клубовите најчесто се соочуваа со парични казни.

Казната е резултата на жалбата која до Комисијата за натпревари ја поднеле челниците на Ла Лига. Тие навеле дека Реал и рамос вкупно биле навредувани осум пати, а четири пати по постигнатиот гол од страна на Рамос, кој голот го прослави точно пред таа трибина.

Севилја на својата интернет страница најави дека ќе ја обжали оваа одлука, најпрвин пред Комисијата за жалби, а доколку биде потребно ќе се жали и пред Арбитражниот суд.

Инаку, голем дел од навивачите на Севилја не го сакаат Серхио Рамос од моментот кога тој го напушти клубот и се пресели во Реал. Во 2005 година, на 19-годишна возраст, Рамос за сума ос 30 милиони евра премина во Реал и стана најскапиот тинејџер во историјата на шпанскиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП