26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Повеќе трговија може да го намали дефицитот на тековната сметка

ЕЦБ: Повеќе трговија може да го намали дефицитот на тековната сметка

Европската централна банка може да му даде совет на Доналд Трамп во врска со неговите намери да го намали дефицитот на тековната сметка на САД, имено – да тргува повеќе, пишува „Bloomberg“.

Според статијата која претстои да биде објавена во економскиот билтен на „ЕЦБ“, земјите кои сакаат да го подобрат балансот на тековната сметка, треба да го зголемат учеството во глобалните синџири.

Заменувајќи ги произведените на внатрешниот пазар интермедијарни стоки со поевтин увоз се зголемува конкурентноста, што од своја страна го промовира извозот и ги зголемува приходите.

Светските трговски односи сепак се ставени пред искушение од новата администрација на Трамп, која обвинува земји како Германија и Кина во нефер предност и ветува дека ќе ја зајакне националната економија преку политика, поставувајќи ја Америка на прво место. Министерот за финансии на САД Стивен Манучин кој ќе ги договара политиките на меѓународно ниво, стана причина голем број други министри за финансии да ветат во коминике дека ќе го избегнуваат „протекционизмот под какви и да било форми“.

Истражувањето на ЕЦБ покажува дека тврдокорната нерамнотежа меѓу увозот и извозот не е резултат на нарушување на националната економија, а се предизвикани од привремени потреси, кои се претвораат во отстапувања во конкурентноста.

Германија и Кина, на пример се држави кои во моментов имаат големи трговски суфицити предизвикани од големи промени во политиките за либерализација на трговијата во последните три децении.

ЕЦБ наведува дека овие политики можат да и дадат на дадена економија привремена конкурентска предност. Ако претпоставиме дека другите земји почнат да ги применуваат истите практики, дел од стекнатиот доход се заштедува, за да омекнат флуктуациите во потрошувачката во времето, така што се подобрува балансот на тековната сметка.

Во врска со случајот на САД, кои се закануваат да воведат царини на увезените стоки, податоците од истражувањето на „ЕЦБ“ покажуваат дека една четвртина од дефицитот забележан пред глобалната финансиска криза, може да биде објаснет од недоволното учество на државата во глобалните ланци на вредноста за разлика од останатиот свет.

Иако дефицитот на тековната сметка на САД е намален од тогаш, откритијата на „ЕЦБ“ укажуваат дека отстранувањето на протекционистички бариери и помагање на иновациите и конкуренцијата ќе го скратат дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП