26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална банка на врвот по прометот

Акцијата на Комерцијална банка на врвот по прометот

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје и во среда се најде на прво место по промет со остварени 1 милиони денари или учество од над 29% во вкупниот промет кој изнесуваше 3.608.661,00 денари.

Најголем раст на вредноста од 3,04% со истргувани 25 акции по просечна цена од 948,00 денари забележа акцијата на Топлификација АД Скопје, а по неа се рангираше акцијата на Макпетрол АД Скопје со раст од 0,73%, и просечна цена од 27.700,00 денари.

Наспроти нив на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од (-19,35%) акција на Арчелормитал (ЦРМ), а по неа следеа акциите на Винарска визба Тиквеш со пад од (-2,98%) и РЖ Услуги АД Скопје со пад од (-2,58%).

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,09%, и изнесуваше 2.283,27 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП