27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаблин е фаворит кај банкарите кои ќе треба да го напуштат Лондон...

Даблин е фаворит кај банкарите кои ќе треба да го напуштат Лондон по Brexit

Даблин е најсоодветната дестинација во Европската унија за банкарите со седиште во Лондон, кои се принудени да се преселат, откако Велика Британија ќе ја напушти Унијата. Ова го покажуваат резултатите од анкетата меѓу 15 града, спроведена од компанијата „Movinga“ и цитирана од „Bloomberg“.

Ирска го дели првото место со Холандија со највисок данок на доход – 52%, но има голема предност како единствената англофонска дестинација во ЕУ и поради кириите кои се поевтини во споредба со Париз, Франкфурт или Луксембург.

Амстердам е на второто место за банкарите, кои ќе треба да го напуштат Лондон поради „Brexit“. Франкфурт е на шестото место, а Париз е на деветтото, како и двата града се по Валета, главниот град на Малта, и Брисел.

Банките ќе го започнат процесот на преместување на вработените надвор од Велика Британија наскоро откако премиерот Тереза ​​Меј на 29-ти март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор. Тогаш ќе почнат да течат двете години во кои земјата треба да го договори излегувањето од блокот и всушност да го напушти.

Даблин се покажа како еден од фаворитите за банкарите во Лондон, кои сакаат непосреден пристап до ЕУ по „Brexit“. Се очекува банките како „Standard Chartered“, „Barclays“ и „Bank of America“ да ги пренасочи позициите токму кон ирската престолнина.

„Секој зборува за градови како Париз и Франкфурт, кои се подготвуваат за инвазија од вработени во банкарскиот сектор по „Brexit““, вели Финецот Хансел, управниот директор на „Movinga“. „Но други градови како Даблин, Валета, Луксембург и Амстердам всушност може да се подобро подготвени да ги направат овие вработени среќни и да ги натераат да се чувствуваат како дома“, додава тој.

Даблин може и да е најдобрата дестинација за банкарите и нивните половини според индексот на „Movinga“, но самите работодавци изгледа вклучуваат и други фактори. Франкфурт е фаворит на најголемите меѓународни банки, вклучувајќи ги „Goldman Sachs“ и „Citigroup“. Германскиот град веќе има финансиски екосистем, каде се „Deutsche Bank“ и Европската централна банка. Освен тоа во Франкфурт се наоѓа Федералната служба за регулација на финансиските услуги (BaFin), која е една од ретките агенции во Европската унија со искуство во контролата на сложената трговија со деривати.

Во индексот на консултантската компанија „Z/Yen Group“ за глобалните финансиски центри Даблин беше на 31-вото место во септември, до каде се искачи од 39-та позиција во март. Франкфурт и Париз се соодветно на 19-то и 29-то место, а на прво е Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП